Зуица Лазова прослави јубилеен роденден: Фолк пејачката одлично „се држи“ за 50-ка

Добивај вести на Viber

Нашата позната фолк пејачка и професор по хармоника вчера имаше голем повод за слава.

Зуица Лазова наполни 50 години, а по повод јубилејниот роденден на сопругата, на социјалните мрежи фотографија од славеничката објави пејачот Наум Петрески.



Наум, кусо напиша HBD 50! 

Инаку, македонската фолк-пејачка дива со години слушаната, а омилената Зуица Лазова, која е воедно и дипломирана професорка по хармоника, во среда на 6. ноември ќе направи голема промоција (во “Муровска меана“), но и голема вечерна седенка за незаборав. Сетоа тоа е интересно насловено како “5 за 50“. 

Харизматичната Зуица ќе слави . Поводот е голем и убав. Таа подготвува неоткриено изненадување за нејзината легендарната првата 50-ка. Истата свечена ВИП-вечер Зуица ќе промовира во живо и пет сосема нови песни: Симпатија, Ќе ти купам нов фустан, Даме од Македонија, Реканска и Мојата хармоника.

Овие песни ќе ги пее во навистина одбраното друштво на пејачи, од нејзината потесна и поширока фамилија. Освен со сопругот Наум Петрески ќе ги пее и со: Анастасија Петреска, Стефан Петрески и Македонка Петреска. Не се сомневаме дека промоцијата на Зуица ќе ѝ донесе неизмерна радост. 

Зуица и Наум во хармоничен брак 

Познатиот македонски фолк пар Зуица Лазова и Наум Петрески живеат заедно 18 години и имаат две деца - Македонка и Стефан, но малкумина знаат дека парот ја немаше овековечено својата љубов со брак се до пред две години. 

Тие летово во јули 2020 склопија граѓански брак и се заколнаа на вечна љубов пред Бога.

Зуица е една од ретките на македонската естрада со моќен глас, има успешна естрадна кариера, а годините кои ги заокружи вчера се само бројка за неа. 



Наум е посилен кога Зуица му го чува грбот: Фолк-пејачите модно усогласени на „Пиволенд“ (ФОТО)