Две венчаници, торта на 5 спрата и многу забава: Портпаролот на ВМРО Димса и сопругата Соња направија свадбена веселба
Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски и неговата сопруга Соња откако склучија граѓански брак минатата година, си кажаа ДА пред Бога годинава на големиот христијански празник Голема Богородица, вчеравечер во познат скопски локал во кругот на најблиските направија свадбена веселба.
Двојката прослави со познатиот македонски диџеј Пачно, свадбена торта на 5 спрата и многу забава.
Соња на прославата носеше две венчаници.
Првата со која ја отворија свадбената веселба со Димса беше долга со длабог шлиц и пердуви на горниот дел. Со песната „Just the two of us“ парот го заиграа првиот танц.
Сопругата на Димса оваа тоалета ја комплетирала со пуштена коса извиткана на бранови и сандали на високи потпетици.
На свадбената прослава беше и нивниот син Давид кој во јули наполни една годинка.
Сопругата на Димса подоцна во текот на ноќта го смени целиот нејзин изглед, облече кратка бела венчаница со светкави каменчиња на деколтето и одлучи да ја собере косата во пунџа.
Во едно интервју за Женски магазин, ја прашавме Соња во каков човек би сакала да порасне Давид, а таа ни откри дека би сакала пред се‘, Давид да израсне во воспитан добар човек кој ќе ги почитува луѓето без никакви поделби и дека таа како родител би се вложила максимално да допринесе најмногу што може во неговото воспитување и да го насоче кон правиот пат.
Повеќе фотографии од свадбената прослава на Соња и Димса погледнете во ГАЛЕРИЈАТА: