Двете нови мирисни композиции на Kilian: Apple Brandy on the Rocks и L’Heure Verte by Kilian, инспирирани од Њујорк и Париз

Добивај вести на Viber

Инспирирани од градовите Њујорк и Париз, двата нови парфеми на брендот Kilian, Apple Brandy on the Rocks и L’Heure Verte by Kilian се мирисна музика на слободата на ноќниот живот која доаѓа.

Apple Brandy on the Rocks, со потписот на акордот “on the rocks” е инспириран од американскиот ликер на база на јаболка во својот најотмен, најладен облик, додека L’Heure Verte by Kilian е химна на абсинтот, легендарниот париски ликер. Ова дуо се придружува на мирисната фамилија, серија од мириси кои го поттикнуваат наследството на основачот Kilian Hennessy, како наследник на познато француско семејство кое со децении се занимава со производство на најфиниот коњак.

Веднаш препознатливо, секое шишенце од парфемот делува како класична чаша со вгравиран знак “К“ кој ја рефлектира светлоста под сите агли.

Apple Brandy првпат беше осмислен со Sidonie Lancesseur за отворањето на водечкиот бутик Kilian Paris во Њујорк пред 8 години. Мирисот сега се враќа со оригиналната средна нота на бренди од јаболко, но овојпат со дополнително засилување, потписот Kilian Paris “on the rocks”, акорд кој се вклопи во аромата на леден пијалок изразувајќи го карактерот на брендот Kilian.

Мешавината од бергамот, ананас и кардамон, додава возбудливост и современост. Свежината на Apple Brandy on the Rocks се одвива во основата на парфемот: препознатлив акорд на јаболко, крцкава овошна мешавина во хармонија со ноти на рум кои доловуваат аспект на ликер, заедно со мов и ванила. Нотите на кедар и амброксан, пренесуваат софистицираност во ноќта. 

Apple Brandy on the Rocks е мирисна реинкарнација и неопорена елеганција на “Големото јаболко“ – особено легендарниот ноќен живот.

L’Heure Verte by Kilian мириса на париски диви ноќи и задоволство.

Изграден на пачули, неговите ноти се заснованина есенција на абсинт.

L’Heure Verte by Kilian го доби името по традиционалните француски зборовиеквивалентни на “happy hour”, на ноќите кога се служеше абсинт со шеќер и чај во чаша. Пастелно зелената нијанса на течноста абсинт, се појавува повторно во L’Heure Verte by Kilian, парфемскиот еликсир, нежна како слика од Ван Гог. 

Есенцијата на абсинт го отвора L’Heure Verte by Kilian, потоа единствениот и прецизно одбран аспект на пачули се спојува со триото земјени ноти заедно со ветивер и сандалови.

Првата соработка помеѓу Kilian Hennessy и францускиот парфимер Mathieu Nardin го изразува Париз во најдоброто издание – толерантен, го менува животот во својот раскош и прекрасни илузии.

Секој град има свој врв, Њујорк и Париз покрај Apple Brandy on the Rocks и L’Heure Verte by Kilian се секогаш спремни урбани икони да ја следат секоја ноќна забава.


ПР објава