ЏАМБАЗОВ ГИ ИЗНЕНАДИ ДЕЦАТА ВО МАВРОВО: Актерот гостин на хуманитарниот камп „Шарено лето“
Актерот Игор Џамбазов и неговиот пријател Сашо Пижевски-Пиже ги изненадија децата во кампот „Шарено лето“, кој здружението „Проект среќа“ го организира во Маврово.
„ Џамбазов дојде како изненадување за децата кои се во кампот. Многу се израдуваа, се сликаа со него и си разговараа. Тој и Пиже се дел од оние кои внесоа радост на ова наше летување,“ ни изјави Кристина Арнаудова, претседател на „Проект среќа“. Таа и нејзиниот тим, втора година по ред организираат бесплатен летен одмор за деца чии што родители немаат можност да им го дозволат.
„ Првата смена заврши денес и многу сум задоволна од сите активности кои ги сработивме со децата. Најважно ми е тие да се среќни. Некои дури и плачеа кога си одеа, им беше жал што одморот заврши. Пречекавме нова смена дечиња и вечерва на гости ни доаѓа Влатко Лозаноски-Лозано“ , додаде Арнаудова.
Децата имаа специјален гостин, нашиот добар пријател Војо Иванов, кој е екперт за рептили, и ги донесе неговите миленици.
Планинарење, чистење на околината, пливање, игра со кошаркарите Ѓуровски, дружење со ракометарите на „Металург“, се само дел од активностите на децата од кампот.
„ Децата имаа специјален гостин, нашиот добар пријател Војо Иванов, кој е екперт за рептили, и ги донесе неговите миленици. Им одржа прекрасно едукативно предавање во кое многу уживаа! Базен, спортски игри и вечерна забава се само дел од активностите кои го одбележаа денот“, е дел од програмата на кампот „Шарено лето“, за која „Проект среќа“ секој ден известува на нивната фејсбук страница.
Некои деца дури и плачеа кога си одеа, им беше жал што одморот заврши.- Кристина Арнаудова, претседател на здружението „Проект среќа“
Целиот тим е многу горд на големата еко акција, чистење на ски терените, фудбалското игралиште, и површината околку хотелите „Лоџ“ и „Бистра!“ Децата со помош на едукаторите собрале вкупно 35 вреќи со ѓубре.
М.Џаровска