Џеј Ло стилизирана од глава до пети сликана на влез во авион, ја споредуваат со Меланија Трамп (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Американската пејачка Џенифер Лопез (51) е фотографирана како влегува во приватен авион на југот на Франција, а во таа прилика личеше на поранешната прва дама на САД Меланија Трамп, пренесува српски телеграф.

Имено, латино дивата е фотографирана во многу стилизирано издание во комбинација на облека од „Валентино“, а многумина велат дека скоро не изгледала подобро .

Во раката носела бела чанта „Хермес Биркин“, додека на нозе имала бели сандали со тантела кои одлично и прилегаа.

FOTO: PROFIMEDIA

Таа се одлучила за црвени очила за сонце на лицето и ја врзала косата во пунџа.

Џеј Ло не ја тргала насмевката од лицето и ја искористила приликата да се слика со екипажот.

Сите се прашуваат каде е нејзиното момче, актерот Бен Афлек, откако е разделена со месеци и со кого отплови од Франција во Италија, а луѓето коментираат дека никогаш повеќе не била толку заљубена.

FOTO: PROFIMEDIA


„Мислев дека ова е Меланија Трамп хаха“, „Убава е, скоро и да не беше толку убаво стилизирана“, „Каде е Бен?“, „Жена што не старее“, беа коментарите на фановите.

Да потсетиме, Бен и Џенифер се верија во 2004 година, а оваа година во април повторно почнаа да се гледаат. Некогаш популарниот пар, медиумите го нарекуваа „Бенифер“, а медиумското внимание во кое сега уживаат воопшто не им пречи.

Двојката беше забележана заедно пред неколку месеци за време на одморот во Монтана, а потоа поминаа една недела заедно во Мајами, каде што неколку пати беа фотографирани на балконот од вилата што ја изнајмиле само за двајцата.

Нивната врска сега се одвива на релација Лос Анџелес-Мајами, а кога е во Калифорнија, пејачката престојува исклучиво со Бен.


Извор: телеграф.рс

Фото:profimedia

Џенифер Лопез едвај се „одлепи“ од Бен, но детаљ околу вратот покажува колку е луда за него