Џери Спрингер почина во 79-та година од животот: Светот се простува од легендарниот водител кој го започна трендот на реални шоу емисии

Добивај вести на Viber

Светски познатиот водител, Џери Спрингер кој особено се прослави преку својата емисија „Шоуто на Џери Спрингер“ од 1991 година, почина во својата 80-тата година  во Чикаго, пренесуваат странските медиуми. Семејството и јавноста се збогуваат со легендарниот водител.

Џери најпрво работел како репортер и коментатор а потоа започнал со новинарска кариера. Меѓу другото тој бил градоначалник на Синсинати во 1977 година и советник за време на капањата на Роберт Кенеди.

Се со  цел да стекне што поголема популарност, тој дојде до идеја да направи емисија во која гостите ги раскажуваат своите животни приказни, но често знаеа да се случат тепачки, навреди и други забранети работи за кои мораше да реагира обезбедувањето. Слободно може да се каже дека Џери го започна трендот на Реални шоуа, кои денес и тоа како се гледани низ целиот свет, токму поради скандалозните случувања неретко пропратени со насилство.

Публиката сакајќи да види некој скандал плус, го крена Спрингер високо на рејтинг листата во гледаност надминувајќи го и рејтингот на славната Опра Винфри, една од најпознатите водителки во светот. 


Фото: TheJerrySpringerShow/facebook