Џесика Алба направи драстична промена: Нема повеќе „чоколаден боб“, сега е „богата русокоса“
Џесика Алба со години ја пушташе свилената, густа, долга коса во темна чоколадна боја, а по неа беше и препознатлива... Но, на крајот на минатата година направи изненадувачка промена и ја скрати косата во практичен, модерен чоколаден боб.
Сепак, убавата 40-годишна актерка, тука не заврши со промена на имиџот, а очигледно е во фаза на експериментирање - затоа што пред неколку дена направи уште еден неочекуван потег.
Имено, Џесика повторно решила драстично да ја промени фризурата, овој пат се офарба во руса. Таа ја избра нијансата „богата русокоса“, која фризерите ја најавија како една од најмодерните бои за коса во 2022 година.
Холивудскиот фризер Том Смит истакна дека суштината на оваа боја е тоа што русата коса изгледа луксузно, а тој ефект е добиен со додавање на внимателно затемнети прамени.
Тоа е мек контраст, односно потребно е да има помалку засенчување во косата, но сепак не сите во една боја. Димензијата сепак се постигнува со различни бои на прамени, но, генерално, тоа се потопли нијанси на руса кои се совршени за пролет“, објасни овој фризер.
Џесика со промената се пофали и на својот Инстаграм со едноставен опис: „Нов ден, нова фризура“ и сосема очекувано – собра бројни комплименти.
извор:zena.blic