Џорџина продолжи понатаму: Екссопругата на Вајнстин во врска во славен Оскаровец

Ексопругата на озогласениот моќен продуцент Харви Вајнстин (67) Џорџина Чепмен (43) во врска е со славниот актер Адриен Броди (46). На модната дизајнерка ова и е прва врска по разводот од Вајнстин, а шпекулациите дека нејзиниот нов избраник е токму Броди се појавија лани, есента, пишува „Пипл“.

Џорџина го запознала актерот уште додека била во брак, бидејќи оскаровецот глумел во филмот 'Hollywoodland' чиј продуцент бил Вајнстин. Но, се поврзале дури ланскиот април кога се сретнале. Освен што се повлече од јавниот живот, Џорџина претрпи и непријатности со модниот бренд „Марчеза“ чиј косопственик е во самиот центар на скандалот во 2018 и ја откажа модната ревија на Модната недела во Њујорк.

Чепмен со Вајнстин има две ќерки Индија (9) и Дашел (6). Разводот е финализиран во 2018, наводно, вреден околу 15 до 20 милиони долари, откако во 2017 година го напушти кога бившиот најмоќен продуцент во Холивуд неколку жени го обвинија за сексуално злоставување, вклучувајќи и познати актерки. Вајнстин исто така има три постари ќерки од неговиот претходен 20-годишен брак со Ева Чилтон: Лили (25), Ема, (22) и Рут (17). Адвокатот рече дека тие не зборуваат со нивниот татко.

„Моето срце се крши за сите жени кои претрпеа огромна болка заради овие непростливи акции“, изјави Чепмен, во текот на скандалот.

На судот во Њујорк во понеделник, Вајнстин е прогласен за виновен за силување и сексуално вознемирување на две жени и чека конечна пресуда. Ако се докаже дека е виновен и за останатите обвинувања, му се заканува над 25 години затвор.