Е-училница во функција од утре
Според искуство и идеја од Хрватска, министерот Арбер Адеми најави дека од утре ќе е во функција тн. е-училница, како начин за продолжување на воспитно-образовниот процес до крајот на училишната година.
–Оваа веб платгформа е практично применлива и ефективна. Во Хрватска веќе се користи. Предвидено е да има видео-лекции, а ќе има можност и за разработка на методски единици за сите одделенија и за сите предмети. Наставниците се пријавуваат да предаваат лекции, снимајќи се во домашни услови и потоа видеото откако ќе се провери, ќе биде објавено на платформата. Очекуваме наставниците да одговорат на повикот, а очекуваме и проактивност од учениците во овие вонредни активности. Линкот е www.eduino.gov.mk - вели Адеми.
Дополнително, министерот Адеми ја најави и програмата „ТВ-училница“, која се емитува на МТВ. За секоја лекција на учениците од прво до деветто одделение се одвојуваат по 15 минути. За децата од претшколска возраст се подготвуваат приказни. соодветни на нивната возраст.
Усвоена е и мерка за организирање далечинско учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација. А, секоја установа ќе одлучи како ќе ја практикува – преку платформи или со електронска пошта. Факултетите, како што рече Адеми, веќе применуваат онлајн настава.
Во врска со начинот на оценување на учениците во основните и во средните училишта, Адеми не откри ништо. Бирото за развој на образованието, како што најави тој, подготвува упатство за тоа како ќе се оценат годинава основците и средношколците.