Еден детаљ на сè дава нота луксуз: Бањата на Софија Милошевиќ е вистинска оаза и пример за како да се искористи мал простор (ФОТО)
И најмалата просторија може да биде вистински рај и најпријатно катче во домот, доколку паметно се искористи секој сантиметар, а бањата во станот во Белград на макенекенката Софија Милошевиќ е вистинска инспирација.
Манекенката Софија Милошевиќ е позната по истенчениот вкус - таа носи парчиња од најпознатите модни брендови, ужива во најлусузните ресторани и екслузивните светски дестинации. Затоа не е ни изненадувачки фактот шот и нејзиниот дом е вистински мал рај, кој изгледа како скината страница од престижен магазин за уредување на домот.
Избраничката на фудбалерот Лука Јовиќ не споделува премногу детали од нивното секојдневние, а сега направи исклучок и покажа едно катче - бањата во нејзиниот стан во Белград.
Во прашање е просторија која нема големи димензии, но е просторија во која целиот простор е мудро искористен и многу практичен, а Софија очигледно мислела на скеој детаљ и бањата ја уредила со вкус.
Во неа доминира белата боја - на ѕидовите, мебелот и минималистичката када, а тука е и завесената на златна шина, која одлично е вклопена со златните славини. Сè е многу сведено, а сепак отмено, а еден агол е прекриен со полици на кои се распоредени козметичките производи, шминки и парфеми.
Меѓутоа, она што ѝ дава посебна магија на бањата се црно-белите плочки на подот кои потсетуваат на шаховско поле, а најефектен е огромниот и раскошен лустер над кадата.
Фотографијата од својот дом во Белград, Софија ја сподели кон крајот на минатата година, а нејзините следбеници беа воодушевени од она што го видоа.
фото: Принтскрин / Инстаграм