Еден од најтешките спомени на секој нов родител: Бебе во јасли
Уште од самата помисла дека бебето ќе треба да започне во јасли, најголем дел од родителите чуствуваат вознемиреност, возбуда но и чувство за вина. Особено после неколкуте месеци стекнување на навики, емотивно поврзување и радост за новороденчето, родителите тешко се одлучуваат за ваквиот чекор, за кој подоцна стануваат благодарни и горди на својата храброст.
Родителите уште на најмала возраст (деветтиот месец на бебето - кога всушност и завршува породилното отсуство на мајката од работа), потребно е да одлучат кој понатаму ќе се грижи за нивното дете. Дали да го доверат на бабата од семејството или пак на жена која во домашни услови би го чувала нивното дете, најчесто тие се соочуваат со сериозна недоумица .
Родителите кои доаѓаат во градинката ЛИТЛ МИ, со цел да се информираат за условите за запишување на дете од најмала возраст во градинка, наидуваат на интересна содржина на презентација која најмногу од сè се однесува на фактите кои посочуваат зошто на децата од оваа возраст најпрепорачлливо им е згрижување, воспитување и едукација токму во ваков вид институции.
Имено, децата згрижени во градинка и прифатени во најмалите возрасни групи од страна на тим на воспитувач и неговател, добиваат можност секојдневно да бидат анимирани со игри, разновидни едукативни содржини и активности чија цел е да поттикнат и разбудат многу синапси во мозокот на детето, што истовремено значи поттикнување, будење и развивање на сите можни аспекти од детската личност.
ШТО ЗНАЧИ ПОАЃАЊЕТО ВО ГРАДИНКА?
Тоа е почеток на еден процес на адаптирање на сè што за детето е ново: средина, бои, звуци, мириси, гласови, допири - новитети кои детето треба да ги апсорбира, прифати и во исто време да засака и стекне доверба кон нив. Вработените во градинката ЛИТЛ МИ тоа го прават вешто, смирено, постепено, умерено, дозирано, со внимание и посветеност.Најважно од сè претходно добро подготвени од страна на педагогот со сите најзначајни информации за детето, неговите навики, посебности, потреби, домашни ритуали и сл.
Адаптацијата е индивидуален процес кој кај некое дете трае покусо, некаде подолго, но секогаш завршува успешно.
Како една од најзначајните алатки во целиот процес на адаптација, вредно е да се спомене декаградинката Литл ми колку што работи и се посветува на децата, големо внимание и време посветува и на родителите кои истовремено ги адаптира на новиот момент во нивниот живот поддржувајќи ги, охрабрувајќи ги, смирувајќи ги и најважно од сè градејќи им ја довербата кон вработените и градинката воопшто.
ШТО ОТКАКО ЌЕ ЗАВРШИ АДАПТАЦИЈАТА?
Децата постепено се прелеваат во ритуалот на денот прифаќајќи ја и навикнувајќи се на секоја фаза од денот. Се навикнуваат на храната и оброците кои се подготвуваат во кујната на градинката според менија прилагодени на месечната возраст на децата (секој месец од возраста носи воведување нови намирници и вкусови), се навикнуваат на игрите, активностите кои секојдневно се работат со нив за будење на моториката (крупна и ситна), поттикнување на љубопитноста, истрајноста, креативноста, поттикнување на говорните способности, постепена промена на гранулацијата на храната со цел правилно развивање на говорниот апарат, когнитивниот развој кај децата, и социоемоционалниот развој кој е најважната спојка меѓу сите претходно споменати аспекти. Децата на ваков начин од најмала возраст успеваат да го спознаат светот и околината околу себе, успеваат на време да проговорат. Она што е особено значајно е дека тие се далеку од можноста за неконтролирано и неограничено изложување на телефони и други медиуми, стануваат социјални суштества снајдувајќи се и ориентирајќи се во просторот и времето, развиваат емпатија со и кон другарчињата и како резултат на сето тоа, уживаат во денот исполнет со радост, музика, насмевки и детска игра.
ПОСТОИ ЛИ ПОВРЗАНОСТ МЕЃУ СЕМЕЈСТВОТО И ГРАДИНКАТА?
Помеѓу семејството и градинката мора да се изгради позитивна поврзаност: вземна доверба, искрена комуникација, трпеллив и толерантен взаемен однос, особено добра професионална информираност од страна на вработените.
Родителите заслужуваат кога детето им се прима или издава во и од градинка да бидат инфирмирани за сè - точно, искрено и содржински. Родителот треба да знае за згрижувачкиот дел од престојот, но и за воспитно - образовниот дел; односно што тој ден е работено, како и колку детето се пронашло себе си со интерес, вклученост, концентрација, истрајност, емоции и постигнување
За совршено оформен круг информираност, како градинката, така и редотелите треба да бидат отворени за оваа комуникација.
Тие секогаш треба да се подготвени да споделуваат значајни информации за детето од дома, како за неговото однесување во домашната средина, за тоа колку имаат или не функционална игра со детето, колку време поминуваат со своето дете и сл.
На крајот на приказната, неописливо е задоволството кога градинката и вработените во неа ќе имаат можност детето од најмали нозе да зачекори во неа и потоа како зрела, развиена и емоционално стабилна личност да го испрати во училиште.
Секое дете ја заслужува таа можност.
На секое дете местото му е во градинка.
Пр објава