Едeн од најжешките пејачи на овие простори ја покажа дамата која конечно му го зароби срцето: Една работа кај неа е навистина интересна
Пејачот Саша Ковачевиќ ѝ го честиташе роденденот на девојката со романтични фотографии кои привлекоа внимание бидејќи не често споделува моменти со неа
Саша Ковачевиќ од првото појавување на јавната сцена до денес е омилен меѓу дамите.
Во неколку наврати беше прогласен за најзгоден пејач на овие простори, многу жени редовно фантазираат за него, но само една го има.
Имено, Саша неодамна на својот Инстаграм потврди дека девојката по име Зорана му го заробила срцето. Парот заедно позираше на море, а црно-белите фотографии ги разнежнија сите.
„Правиш мојот свет да свети 365 дена во годината“, напиша Саша во описот и ѝ го честиташе роденденот.
Зорана Тасовац не се појавува многу во јавноста, а интересно е што нема ниту профил на Инстаграм. Саша ретко објавува фотографии со неа, но нејзиниот роденден беше повод на сите да им покаже колку ја сака, но и да ни понуди некоја нивна интимна фотографија.
Инаку, Зорана од првиот брак ја има ќерката Искра, а Саша на социјалните мрежи често споделува нивни заеднички фотографии.
Извор: showbuzz.dnevnik.hr