Актуелно // Insta вести
„Една е мајка“: Ќерката на Зуица Лазова и Наум Петрески направи потег за паметење
Еднаш Девид К.Грос рекол „Бог не може да биде насекаде, па затоа ги создал мајките.“
Безусловната љубов во животот е на релација мајка - деца, таа е суштинска и вечна. За секое дете неговиот херој во животот е неговата мајка, таа е иснпирација да сонуваме.
Поведена од љубовта кон мајка си, ќерката на Зуица Лазова и Наум Петрески, Македонка на рака го истетовира името на нејзината мајка.
„Една е мајка“, напиша Дона покрај објавата.
Пејачката Зуица Лазова горда на ваквиот потег на нејзината ќерка, фотографијата ја сподели како инстаграм приказна.
Инаку ќерката на Зуица и Наум е оперска пејачка која оваа година е апсолвент на ФМУ соло пеење. Очигледно дека гените го наследила од мама и тато.
Фото: Инстаграм