Една година јадам повеќе од вообичаено и изгледам подобро како никогаш досега: Витка линија е можна и без исцрпувачки диети - еве како

Добивај вести на Viber

Изгледот на телото е нешто за што особено се зборува во последните години, бидејќи посебно внимание се посветува на начинот на кој се грижиме за нашето тело и како ги постигнуваме посакуваните резултати.

Иако многумина доаѓаат до посакуваната линија со помош на разни диети, кои не само што се исцрпувачки, туку често се и нездрави, една позната фитнес инструкторка решила да ги сруши сите предрасуди и да покаже дека е возможен совршен изглед без гладување.

Лорен Вуд ја следат над 60.000 луѓе, а на својот профил споделува совети како да ги постигнете своите цели на вистински начин.


Таа е фитнес тренер, а она што ја разликува од другите е фактот што на сосема поинаков начин им покажува на своите придружници како да го постигнат посакуваниот изглед.


Имено, таа одлучила една година да јаде сосема нормално, дури и повеќе отколку што јадела вообичаено, за да докаже дека нема потреба да се откажува од омилената храна заради нејзиниот изглед.

Таа објасни дека до 2021 година консумирала само 1.200 калории, а потоа го удвоила тој внес.


„Можете да ги постигнете своите цели без гладување, без трошење јаглехидрати и без прекумерен кардио тренинг! Станува збор за наоѓање рамнотежа, создавање нов начин на живот за себе, но не целосно менување на вашиот живот. Фитнесот не треба да ви биде главен приоритет, туку нешто дополнително што многу ќе ви помогне“, напиша Лорен.


На овој начин таа докажала дека поголемиот внес на калории не влијае значително на нејзиниот изглед и со тоа го привлекла вниманието на фактот дека клучот е во добро избалансиран оброк.


Фото: Инстаграм