Сузана Манчиќ, 168 години подоцна: Нереално патување, опкружена со лавови и огнени зајдисонца (ФОТО)
Таа на својот Инстаграм објавува бројни интересни моменти, а овој пат со своите следбеници сподели како ужива во едно посебно патување.
Сузана Манчиќ е една од најпознатите водителки во Југославија. Поранешната лото девојка со години сите слободни денови ги поминува во Грција, од каде што е нејзиниот долгогодишен партнер Симеон Окомокос.
Сузана претходните денови ги помина во Атина, а друштво и правеа ќерките Теодора и Наталија. Една објава со ќерките привлече лавина позитивни коментари, а потоа трите одржаа вистинска стилска лекција со своите модни изданија.
Манчиќ овој пат покажа серија фотографии на Инстаграм и додаде дека го остварила својот сон. Сузана отпатувала во Зимбабве и ги посетила водопадите Викторија, а глетките од ова патување едноставно го одземаат здивот.
- Шкотланѓанец, д-р Ливингстон, кој ги откри водопадите во 1855 година, и Србинка, мојата маленкост, која ги посети Викторините водопади 168 години подоцна - напиша под една од фотографиите.
Зебри, жирафи, лавови, леопарди, Сузана имала можност да го види сето тоа одблиску, а за овие сцени е невозможно да се пишува, бидејќи една слика кажува повеќе од илјада зборови.