Не се знае која од која е поубава: Сузана Манчиќ со наследничките одржа вистинска лекција за свечен моден стил (ФОТО)
Сузана Манчиќ има две ќерки Наталија и Теодора, на нив е исклучително горда.
Поранешната водителка Сузана Манчиќ никогаш не ги криела своите наследнички Наталија и Теодора, медиумите често пишуваа за Наталија дека потсетува на Анџелина Џоли, но ниту една од нив не сакаше претерано да се експонира во медиумите.
Наталија е ќерка на Сузана Манчиќ: Ја споредуваат со Анџелина Џоли и е преубава
Овие три дами го привлекоа вниманието на една фотографија која ја објави Теодора и покажаа дека поранешната лото девојка сè уште може да им парира на своите ќерки кога е изгледот во прашање.
Теодора и Сузана се одлучија за црни елегантни креации, додека Наталија имаше тесно здолниште во комбинација со бела блуза и чизми во иста боја. Изборот на Теодора беше особено интересен, црн комбинезон кој има само еден ракав и ролка со едно голо рамо.
Очигледно е дека и двете ќерки на Сузан ја наследиле убавината и харизмата од својата мајка, но ниту една не сакала да тргне по нејзините стапки, па избрале живот далеку од рефлекторите.
извор:GLOSSY