Едната „ја боли за сѐ“, другата „пијана“: Еве како Елена и Дани се подготвуваат за „Макфест“
Викендот кој доаѓа сите патишта ќе водат кон Штип, затоа што таму ќе се одржи 39-то издание најреномираниот македонски фестивал „Макфест“.
Оваа година фестивалот е предизвик за голем број звучни музички имиња од забавната сцена. Некој дури и по неколку години кариера првпат ќе настапат на сцената на „Макфест“.
Една од нив е поп-пејачката Елена Ристеска која ќе настапи на ревијалната вечер со песната „Ме боли за сѐ“ за која најави дека ќе сними и спот.
„Само ти ми требаш“ беше песна која ја пее Дани Димитровска и истата таа доживеа голем успех, а ја изведе на „Макфест“. По неа Дани имаше уште неколку успешни настапи на овој фестивал како и големиот хит „Најдобра“.
По неколку години повторно се враќа на оваа сцена со песната насловена „Пијана“, за која во недела ќе биде официјално објавен и спотот.
На 25 -ти и 26 -ти на сцената во Домот за култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе се појави и Дарио чии почетоци и големи хитови ги отпеа токму на „Макфест“.
Потоа Димитар Андоновски, Теа Трајковска и Таско, Антониа Гиговска, Симона Поповска, Павле Камиловски, Ивона Јо, Славица Ангелова и други.
Уметничкиот директор на „Макфест“, Роберт Саздов вели дека рекордениот број пријавени песни за учество на фестивалот само ја потврдува се поголемата заинтересираност и кај естрадата и кај јавноста.
Оваа година има рекорден број пријавени песни. Ако лани имаше 55 песни, оваа година има пријавено 76 песни, вели Саздов.
Фото: ИнстаграмРЖМ