Еднодневна изложба на илустрации во Гевгелија

Добивај вести на Viber

Денеска во филијалата на Халкбанк во Гевгелија беше поставена изложба на илустрации од уметникот Трајче Павлов, работени за „Сликовницата на Халки“, промовирана на крајот од месецот октомври.

Халкбанк е бренд кој во своето десетгодишно постоење во Македонија големо внимание посветува на општествената одговорност преку најразлични активности кои во основа имаат две силни компоненти – борбата за здрава животна средина и едукација на децата.

Овие две мисии банката ги продолжува и периодов со т.н еднодневни изложби на илустрации во своите филијали. Првата изложба беше во главната експозитура во Скопје на 19 ноември,  кога пред вработените и клиентите беа претставени 15 илустрации од уметникот Трајче Павлов, оригинално работени за „Сликовницата на Халки“.

Денеска истата поставка е во Гевгелија како изненадување и на вработените и на посетителите на банката, што е клучен момент на целиот проект:

-  Изложбата на илустрации со слончето Халки која не‘ дочека утрово, беше изненадување и за нас вработените и за нашите клиенти во филијалата во Гевгелија. Убаво е да се гледаат нивните позитивни реакции кога застануваат пред сликите. Некои не‘ распрашуваа за што се работи, некои фотографираа, а голем дел и го скенираа кодот за продажба на „Сликовницата на Халки“. Мислам дека спојот на уметност и хуманост е одличен и дека во овој период пред празниците ќе даде навистина големи резултати. Халкбанк отсекогаш се залагала за доброто и за убавото, водејќи сметка за обичниот човек и овој настан е во рамките на тие заложби. Го поздравувам и потегот проектот да дојде и во нашиот град. Изложбата и даде посебна живост на нашата експозитури која е доста посетена – вели Даниела Концалова, директорка на експозитурата.

Авантурата на Халки низ текст и илустрација ги обработува темите: екологија, прифаќање, инклузија и толеранција, важни за децата и нивниот иден светоглед. Сликовницата е работена во еколошки бои и на еко-хартија, а илустрациите се работени во класична акварелна техника.

Покрај илустрациите во филијалата во Гевгелија поставен е и QRкодот (https://wp.me/pc9R5Q-eb) за купување на „Сликовницата на Халки“. Средствата од продажбата целосно ќе бидат наменети за СОС Детско село.

Уметноста е медиум за ширење добрина!


Повеќе информации:

За промоцијата на „Сликовницата на Халки“ 


За Халки


ПР објава