Антониа Гиговска на уникатен начин го отки полот на бебето: Со сопругот Роберт ќе добијат...

Пејачката Антониа Гиговска на уникатен и интересн начин го откри полот на бебето.

Антониа заедно со сопругот Роберт Спасенцовски, или познат на јавноста како Џокер открија дека очекуваат син.

Двојката со неколку фотографии направени во природа и мали бебешки алишта во знакот на сината боја открија дека набргу ќе добијат син.

„Нашиот сладок капитен е на пат, едвај чекаме да те запознаеме“, напиша идната мајка на Инстаграм.


Инаку пред десетина дена, Антониа и Роберт го кажаа судбоносното „ДА“. А парот веста ја потврди во јавноста со неколку фотографии. На венчавката пејачката изгледаше заносно во бела венчаница кое ја следеше линијата на нејзиното тело, а Роберт носеше косим во кафена боја.


Фото: Инстаграм - Антониа Гиговска

Фото насловна: Инстаграм Стори - Антониа Гиговска

Среќен сум што ќе бидам млад дедо, кога ми соопштија занемев од радост: Боби Спасенцовски, идниот свекор на Антониа Гиговска за Женски магазин