Едвај останав жива по третирање со антибиотици за пневомонија, па животот ме донесе до реконетивното исцелување: Верица Огњанова за Женски магазин

Добивај вести на Viber

Верица Огњанова има 34 години, и е од Неготино, како што ни раскажа од едно прекрасно место на природата и најубавото грозје Долни Дисан. 

По професија е медицинска сестра и практичар и ментор по бројни холистички пракси и техники кои допринесуваат за една целокупна благосостојба на едно човечко битие. 

По животна професија, пак е мајка на нејзината хероина и животен гуру, Јоана, 13 години која има Даунов синдром . 

„Ние посебните родители сме една посебна психологија која постојано трага и бара некое решение кое би му го олеснило и продуцирало квалитетот на животот на нашите деца. 

Многу често заборавајќи во таа игра дека од празна чаша не можеш никому вода да го послужиш. 

Така и јас трагајќи првенствено за неа ...потоа сфатив колку работа имам најпрвин на себе, а кога голем дел разрешив кај мене тие спонтано се рефлектираа и кај неа“, ни раскажува оваа силна жена. 

Верица вели дека, за среќа медицинската логика и лојалност одамна научла да ја остави на страна нормално делумно и не во екстрем ….но така отворила една нова врата за нови знаења, вештини поддршка и т.н. 


„Сметам дека денес не се дефицит воопшто ресурсите,туку отворениот ум. 

Тоа е она што ни е потребно, бидејќи ова е свет на дуалност ... постои ден и ноќ, постои светлина и темнина , машки - женски аспект, така ако нешто ние го перцепираме како проблем од другата страна на дуалноста мора да постои и решение. 

Тоа е универзален закон кој функционира за сите, и мислам тоа доста нѐ ослободува ако вистински го прифатиме а со тоа и во пракса ќе го живееме со сигурност“, споделува со нас Верица, која меѓу другото е прв практичар по реконективно исцелување и бренд партнер по Ароматерапија

„Кога почнав да трагам за физичките заболувања така сфатив дека секоја физичка манифестација е само производ на некоја емоционална и ментална манифестација . 

Не само што го сфатив туку и сведочев на сѐ што истражував, навистина сѐ се поклопуваше совршено а јас бев фасцинирана од откритието колку ние сме совршени битија со четири тела /ментално, емоционално , физичко и духовно тело“, вели Верица додавајќи. 

„Тие се нераздвојна целина , а холистичкиот пристап работи со сите четири за разлика од класичната медицина која е функционирана само на нашиот физички аспект ...значи од старт пристапот е делумен ...затоа и резултатот е делумен. 

Како на пример белите дробови се поврзани со тагата и срцевата чакра ...јас имав тешка пневмонија од која едвај останав жива ...а јас упорно бев третирана со антибиотици ...спрејови и т.н. 

Така животот ме донесе до Ароматерапијата, до Реики, Трансцендентална медитација, Ангелско реики, Дајмонд соул пракса, завршив и бројни и акредитирани вештини за менталниот склоп како NLP -Невролингвистичко програмирање и бројни курсеви за личен и ментален развој ...воедно сум на студии доктор по природна медицина и сум меѓу првите четворица практичари по реконективно исцелување во Македонија“, ни раскажува младата мајка . 

Вели дека многупати била фасцинирана од целиот нејзин пат и како ѝ доаѓале сите потребни ресурси , информации и ментори кога навистина баш тоа ѝ било потребно во тој даден момент. 


„А добро знам дека тоа е само манифестација на мојата отвореност и на мојата повисока цел, најпрво за Јоана а потоа бев поддршка на голем број мои пријателки кои сведочеа на огромна трансформација и исцелувања. 

Денес веќе стигната на едно доста високо ниво каде моите клиенти и соработници со три до пет третмани сведочат на мир, внатрешно порамнување и целокупна благосостојба. 

Навистина посакувам овие моќни ресурси да пристигнат до што повеќе луѓе и да живеат среќен и внатрешно слободен и среќен живот...а возможно е. 

Потоа се свесни со кој терет кој несвесно предолго го носеле па притоа заборавиле како е да дишеш со полни гради и како е да имаш чист ум или наутро да не се будиш под автоматизам во грижи или со црни мисли. 

За ова има многу да се пишува бидејќи навистина имам фасцинантни примери кои ми се мене ветер во грб и да продолжам да сум поддршка за секој кој е со отворен ум и кој е спремен да започне од некаде и да си дозволи грижа за себе ...нешто на што на нас жените како да не ни е дозволено и како да имаме грижа на совест ако си го дозволиме тоа искуство“, вели нашата соговорничка. 


Додава дека за енергетстките третмани е доста едноставно, бидејќи се одвиваат на далечина во комфорот на својот дом и треба само да се дозволат 40 минути изолација и одмор. 

„Ова впрочем е најлесниот и најдостапниот начин ...единствено што не одвојува е волјата и информираноста. 

Ја прашавме што според неа, претставува ароматерапијата? 

„Таа е неверојатен ресурс од мајката природа која ни ја подарил Бог на нас луѓето . 

Билките имаат информација , интелигенција во себе ...за разлика од нас само што немаат его (се смее) . 

И тие имаат неверојатна поддршка на сите наши четири тела ...една капка чисто терапефтстко есенцијално масло во својот состав има од 200 до 1000 активни компоненти ...тоа е неверојатен бустер кој за 2 минути ако се нанесе топикално т.е. на кожа влегува во нашиот крвоток и прави со својата интелегенција она што ѝ е најпотребно во тој момент на личноста. 

Терапефтстките есенцијални масла се користат орално, топикално , со вдишување и дифузно со специјален ултрасоничен апарат кој совршено го распрснува маслото во воздух без притоа да ја уништи неговата молекуларна состојба. 

Она што нѐ лекува кога сме на планина не е само чистиот воздух туку воедно се и есенцијалните масла од билките и дрвјата. 

Така ако не можам да отидам секој ден на планина можам во својот дом да ставам неколку капки на пример Бор, Чемпрес, Лаванда , Мајчина душица и да ја имам планината во својот дом секој ден. 

Навистина моќен ресурс кој навистина го подобри квалитетот на мојот живот и животот на Јоана“, додава Верица . 

А, што вели Верица, за реконективното исцелување?

„Се трудам да бидам кратка бидејќи има за сите техники доста да се зборува еве ќе ја издвојам и реконективното исцелување ...како најдрага сертификација која ја успеав изминатиов период и што успеав за првпат да донесам светски тренер Свемир Ковач кој е задолжен за балканот и еден од најдобрите ученици во светот и на доктор Ерик Перл кој ни ја подарил и донел ова техника или ресурс ,знаење ...поддршка . 

Зборот техника ми е пресиримашен за она што всушност претставува и ни овозможува реконетивното исцелување. 


Што претставуваат фреквенциите на реконективно исцелување? 

Оваа холистичка енергетска пракса ќе Ви овозможи да извршите личносно поврзување, проширена размена на енергија, светлина и информации. 

Историска референца за каталистот на оваа моќна холистичка пракса Д-р Ерик Перл водел киропрактика во Лос Анџелес пред да го открие Реконективното исцелување. 

Еден ден, неговите пациенти почнале да доживуваат исцелувања кога тој едноставно ги држел рацете покрај нив и нивното тело, во отсуство на актуелен физички допир. 

Заинтригиран од овие настани, тој започнува да ја истражува универзалната мудрост зад овие настани. 

За разлика од денешните познати форми на енергетско усогласување, оваа работа може да се практикува без сложени техники и ритуали. 

Во текот на процесот на неговото истражување и откритие, стана јасно дека постои погодна за оваа работа „повторно исцелување“. 

Прифатено и поддржано од науката денес, Reconnective Healing обезбедува (некогаш дури и моментално) исцелување за луѓето кое трае цел живот. Чувствувајќи силна потреба да ги подучува другите, работата на Ерик го однесе во над 100 земји преку чија пракса влијае на милиони луѓе. 

Надежта на Ерик Перл е дека секој ќе научи да пристапува до оваа природна способност и да ја користи за самоисцелување, но и излекување на другите. 

Повторно поврзување: Исцели ги другите, исцели се себеси 

Во својата книга : 

“Reconnections, Heal Others, Heal Yourself”, Д-р Ерик Перл раскажува за првата средба со фреквенциите на Реконективно исцелување и зачекорувањето на патеката на исцелување. Како изненадување брзо се претвори во увид и инспирација, д-р Перл сфати дека постои универзална интелигенција достапна за сите нас - онаа која може да направи извонредно исцелување со тоа што нè доведува во усогласување, рамнотежа и хармонија. 

Неговата книга стана меѓународен бестселер преведена на преку 40 јазици, a e поддржана и промовирана од почитувани личности како мотивацискиот говорник Дипак Чопра. 

Навистина сум среќна што оваа неверојатна поддршка допринесов малку да ни е подостапна и на нашите простори“, споделува со нас 34 годишната Верица. 

Како што напоменав на почетокот решение секогаш постои ...некогаш можеби не целосно можеби делумно ...како на пример синдромот на Јоана е состојба...но и со таа состојба квалитетот на животот може секогаш да биде многу многу поквалитетен. 

Само ако си дозволиме да ја совладаме вештината на фокус,т.е. место време , пари и енергија да не ја фокусираме на проблемот, состојбата, дијагнозата и т.н. 

Туку истата енергија само ја насочиме во трагање, поддршка и возможни решенија . А јас гарантирам дека секогаш ги има. 

Да запомниме времето и храброста се најскапиот ресурс на овој свет и никогаш не правете компромис кој не е доволно вреден за нив. 


Ирена.С