Екс премиерката Сана Марин го запали Инстаграм: Полугола, се забавува по напуштање на владата (ФОТО)
Сана Марин, поранешната премиерка на Финска, повторно го привлече вниманието на себе со провокативна фотографија на социјалната мрежа „Инстаграм“.
Поранешната премиерка на Финска, Сана Марин, за време на нејзиниот мандат беше во центарот на вниманието поради необичните партиски фотографии кои протекоа во јавноста, а по оставката од функцијата премиер на Финска се сврте кон поинаков начин на живот. Таа е многу активна на социјалните мрежи, а на својот „Инстаграм“ профил објави фотографија во костим за капење која крена голема прашина во Финска.
Сана Марин моментално работи како советник во Институтот Тони Блер, а нејзините слики ја разбрануваа јавноста.
Корисниците на социјалните мрежи пишуваат дека таа и претходно се жалела на недостаток на приватност, што според многумина е во спротивност со сликата од патувањето на кое се гледа како е во костим за капење каде се гледа нејзиното витко тело.
„Случајни фотографии од неодамнешните патувања“, напиша Сана Марин.
ФОТО: Инстаграм