Ексклузивно дознаваме: Дивна Пешиќ како кралицата Летиција ќе блесне во венчаница и тоа во Македонија

Добивај вести на Viber

Дивна Пешиќ- најдобар стрелец на сите времиња со малокалибарска и воздушна пушка во Македонија со 37 државни рекорди во женска и машка конкуренција. Беше балкански шампион и двапати учествуваше на Олимписките игри, Сиднеј, Австралија (2000) и Атина, Грција (2004) и има постигнато врвни резултати на европските и светските натпреварувања. Со сликарство, техника масло на платно, започнала да се занимава на 13-годишна возраст и има реализирано повеќе изложби во земјава и во странство.

И на тоа поле ниже успеси. Неодамна освои светски признаени награди во оваа област.

Најновата интернационална награда е прво место во светот на World Art Awards 2024, со делото „Еволуција”, масло на платно, 40х30 инчи, во категорија апстрактен експресионизам. Покрај оваа освои уште три други награди на истиот светски натпревар во конкуренција на илјадници уметници од 61 држава од светот. Многу се гордее што 20 најдобри светски галерии го наградија нејзиниот труд со прво место во светот. Ја споредија со ненадминливиот Салвадор Дали.

Омажена е со Блаже Грозданов со кој имаат два сина, Стефан и Виктор. Родум е од Кавадарци, а со семејството повеќе од 10 години живеат во Вудланд Парк, Њу Џерси.

Но, интересно е тоа што по скоро една деценија, Пешиќ специјално открива за Женски магазин дека овде во Македонија ќе прави прослава како круна на бракот.

- Венчавката ќе биде во црквата св.Петка во Кавадарци а потоа ќе прославиме со најблиското семејство и пријателите во винаријата Тиквеш. Венчаницата е од нашата реномирана дијајнерка и моја драга пријателка Антонија Ристовска, креацијата е инспирирана од Салвадор Дали, а се вика Летиција (шпанската кралица). Кумовите ни се од Белград, Лили и Лазар Митровиќ. Во Америка не венча градоначалникот на општината Вудланд Парк во Њу Џерси, САД- вели Дивна.

А, целото интервју кое го направивме неодамна со неа можете да го прочитате овде

С.А.Н