Ела Дворник и 13 години постариот Чарлс неодамна објавија дека се разведуваат, а сега тој ја тужи: Проблемот настанал околу поделба на имотот
Хрватската
инфлуенсерка Ела Дворник, ќерка на починатиот музичар Дино Дворник, и Чарлс
Пирс го потврдија разводот оваа година. Двајцата се запознале во Лондон во 2014
година, а тајно се венчале во Лас Вегас.
Иако Чарлс е 13 години постар од Ела, тие тврдеа дека тоа не им претставува проблем, а во бракот имаа две ќерки.
Сепак, како што пенесуваа медиумите, Чарлс ја тужел Ела за дел од куќата во Бала, чиј единствен сопственик е таа.
Спорот се води заради утврдување и делба на брачниот имот, се вели во тужбата, пренесуваат медиумите.
Ела и Чарлс се преселиле во оваа куќа со своите ќерки во 2021 година бидејќи сакале мир далеку од градскиот метеж. Покрај ова, поранешните сопружници ги поврзува и заеднички бизнис. Од 2016 година имаат заедничка компанија „Манијак“ каде собираат инфлуенсери и ги поврзуваат со брендови.
Фото:yotube/screenshot