Моден фокус // Трендови
Елегантни и моќни: Првата дама Елизабета и претседателот Стево дел од 61-то издание на „Охридско лето“
Шефот на државата, Стево Пендаровски и првата дама Елизабета Ѓоргиевска беа дел од свеченото отварање на шеесет и првото издание на „Охридско лето“.
Во Античкиот театар во македонскиот бисер, сопругата на претседателот се појави во елегантен смарагдно зелен фустан кој одлично ѝ прилега.
Фустанот ја истакнува убавата фигура на Елизабета, а првата дама изгледот го заокружила со сандали во црна боја.
Додека, првиот човек на државата носеше костим во темна боја и сива вратоврска. Како и секогаш како пар „скоцкани“ и секогаш доследни на ниво на задачата.
Фото: Фејсбук/Официјален профил Стево Пендаровски
Можеби ќе ве интересира:
Првата дама Елизабета и претседателот Стево Пендаровски модно усогласени на гости во Хрватска (ФОТО)