Елена и Ламбе по седум години повторно заедно: Убава си, не се давај!

Добивај вести на Viber

Елена Ристеска и Ламбе Алабаковски се видоа за првпат по седум години и евоцираа спомени од нивните почетоци на естрадата и времето во кое како што раскажаа биле како брат и сестра.

Се споија во емисијата „Еден на Еден“ со Жаре која ќе се емитува оваа недела на Канал 5, во 18.30 часот,и со многу емоции испејаа дел од нивните најголеми хитови. И Елена и Ламбе своите кариери ги започнаа како победници на проектот, „Плеј, потрага по ѕвезда“, и стана екслузивци на продукцијата М2.

-Ламбе ми беше како брат. Имавме многу заеднички настапи, турнеи, еднаш во Австралија, заедно со Ѓоко Танески и со Ноне. Од срце ги напишав текстовите за неколку негови песни“, се сети Елена која е сега повеќе концентрирана на нејзината козметичка линија ЕРА.

-Кога дојдов во Скопје од Битола, кога победив на М2 имав смао 17 години. Елена веќе беше позната, и беше дел од оние кои пријателски ми помогнаа на почетокот“, ни рече Ламбе. 

Евоцирајќи уште заеднички спомени пред снимањето, Елена му замери зошто почесто не ѝ пишувал од Америка каде што претходно живееше, и зошто не ѝ се јавил кога стасал во Македонија. Ламбе на ова ѝ се насмевна и ѝ рече: „Убава си, не се давај“. По ова дружење, си ветија дека ќе бидат почесто во контакт.

Ламбе по повеќе од шест години поминати во Детроид и во Чикаго со сопругата Магдалена и двата сина Михаил и Димитриј, реши да се врати во Битола. Минатото лето, тој за Женски магзин изјави:

-Дома чувството е неописливо со зборови. Благодатно, исполнето, душата на место и секако носталгијата е побиена, ја снема! Среќни сме сите многу , кога си отсутен повеќе време учиш сè повеќе да цениш што е татковина и дом“. Во претходно интервју, тој ни рече дека неговата кариера е сега во мирување. Во овој период, Ламбе има планови да ѝ се врати на музиката и да снима нови песни.

-Многумина ме прашуваат за музиката и мојата кариера, ќе кажам само дека сето тоа е ставено во мирување но не е сосема напуштено, ние сме фамилјарно и сега опкружени со песна! Можам слободно да кажам едно дека можеби сум овде физички присутен но срцето и душата ми се во Македонија!“, ни рече Ламбе од Америка на крајот од 2020 година.


М.Џаровска