ЕЛЕНА РИСТЕСКА: Голема тага ми надоаѓа, среќата не е целосна

Добивај вести на Viber

Елена Ристеска со голема тага се присети на татко ѝ, кој почина пред две години по долго боледување. „Пред две години, на овој ден, ми се смени животот доживотно. Се дели на пред и по тебе. Тој дел „пред“, се вика живот“, напиша поп-ѕвездата.

Нејзиниот татко кој ја загуби битката со ракот, беше нејзина голема подрршка. 

„ Најубавите спомени од животот ми се од детството кога фамилијата ми беше целосна и сите ни беа на број. Незаборавни беа сите фамилијарни прослави за Велигден за и Први и втори мај. Цела фамилија се собираше на трпеза кај баба ми и покрај богатата софра, се пееше и се свиреше до раните утрински часови. Дедо ми свиреше на гајда, традиционалните македонски песни се пееја најмногу и од таму ги научив старите народни песни. Не се сеќавам дека во тој период некоја фамилија беше посреќна од нашата. Спокојот, смеата, радоста и музиката беа својствени за нас. Дел од фамилијата веќе не е меѓу нас, затоа ужасно ми фали тој период од животот. Особено татко ми, откина дел од нашите души. Голема тага ми надоаѓа, и среќата не ни е целосна, па утехата наша е Делфина, внука ми, ни ја ублажува болката, целиот фокус ни е таа“, раскажа Елена во претходно интерву за Женски магазин.

Елена со сестрата Драгица и со внуката Делфина

"Делфина буди чувство на љубов во мене. Ме потсетува дека децата се најубавото нешто што можело да му се случи на човештвото и најубавата фаза во животот на еден човек. А мајчинските и теткинските чувства се едно исто", додаде Елена.

Елена со Дуке Бојаџиев, во неговото студио во Њујорк 

Неодамна, таа се врати од САД, каде што во друштво на пријателка беше на одмор. Елена го посети и студиото на познатиот домашен музичар кој живее во Њујорк, Дуке Бојаџиев и договорија заедничка соработка. (М.Џ.)