Елена Ристеска растури на „Питијада“ во Велес: Со внуката танцуваше на сцена и отпеа песна која е голем хит, а не е од нејзиниот репертоар
Изминатиот продолжен викенд сите патишта водеа кон Велес на традиционалната манифестација „Питијада“.
Елена Ристеска преку видеопорака го најави нејзиниот настап. За изгледот на пејачката се погрижил нејзиниот долгогодишен соработник и пријател, Даниел Николовски.
Елена се повеќе како да се враќа на младешкиот изглед, па овој пат за настапот во Велес за нејзината коса одбра плетенки.
Елена на сцената се појави облечена во црно кусо фустанче, палто и чизми. Пејачката многу често ја бира црната боја за модна комбинација.
Публиката во Велес пееше заедно со Елена од прва до последна песна. Изненади со изведбата на песната „Несаница“, песни од овој жанр досега не сме слушале на репертоарот на Ристеска.
Како дел од бендот на Елена овој пат на тапани беше Мартин Вучиќ.
Интересен момент беше појавувањето на внуката на Елена на сцената. Па така таа и беше придружба на една песна.
Ристеска ретко може да ја видиме како изведувач на ваков вид манифестации, не навлегуваме во причините, но она што е важно е дека публиката сака да ја слуша.
Фото: ИнстаграмРЖМ