Елена Ристеска: Вечно сум на диета, се борам со килограмите

Поп-ѕвездата Елена Ристеска која неодамна ја промовираше својата коземтичка линија Caribbean body, раскажа дека многу внимава на својата линија и со години води битка со килограмите. 

„ Навистина многу голема битка водам со килограмите. Тежината постојано ми варира, особено по 25 година. А и биковите во хороскоп како мене се големи гурмани. Голем хедонист сум, вљубеник во убавото, убава вечера и храна, убави места, убава атмосфера. Се трудам едноставно да вежбам повеќе, да не јадам слатки и леб што е најголемата борба, бидејќи обожавам торти, колачи и чоколади. И да бидам искрена, имам предност што не морам да готвам, веднаш до мојата зграда имам одличен ресторан, каде што сум најредовен гостин, и секогаш ми готват здрава храна, како риба, месо, разни салати, посни работи итн. Наскоро ќе имаат и мени за оние кои се вечно на диета како мене“, ни откри поп-ѕвездата.

За негата на лицето, таа вели дека понекогаш знае и да го чисти со домашна ракија.