Елена се врати на живите свирки поубава од кога и да e: Одамна не сум чула публиката да ги пее сите мои песни од почеток до крај во еден глас
Позната пејачка Елена Ристеска која е и сопственичка на компанија за козметика не ретко споделува фотографии од нејзиното секојдневние на социјалната мрежа Инстаграм.
Последните неколку денови Елена е сè уште под импресии после нејзиниот прв настап во клуб по подолго време. Имено изгледа пејачката реши да се посвети повеќе на својата прва љубов- музиката и најави нови настапи во иднина.
- Во саботата штипската публика ме врати во ЖИВОТ. Одамна не сум чула публиката да ги пее сите мои песни од почеток до крај во еден глас, два часа без престан и плус да бараат песни кои се постари и за кои мислев дека поновите генерации не ги знаат. Неколку денови сум под импресии со огромен елан да продолжиме уште појако на следните настапи - напиша Ристеска во описот на фотографиите.
Изгледа за модна десетка како и секогаш, а веќе оформи и музички бенд кој ќе ја следи на настапите.