Елена Велевска: Сѐ уште не сум разведена

Добивај вести на Viber

Познатата фолк-пејачка Елена Велевска која пред еден месец ја шокираше јавноста со објава дека подолго време е жртва на семејно насилство и дека се разведува, вечерва во естрадниот магазин „Бекстејџ“ на Канал 5 конечно проговори за предизвиците со кои се соочува.

- Сѐ уште не сум разведена. Она што требаше да го превземам, го направив, меѓутоа тоа не зависи од мене. Чекам судот да одлучи и кога ќе имам информации ќе кажам официјано дека сум разведена. А, сега сакам сите некултурни, нетрпеливи луѓе да ме поштедат, пред сѐ да ги поштедат моите деца, бидејќи навистина поминуваме низ еден тежок период. Децата одат на училиште и не сакам да се соочуваат со коментари, па и прашања - изјави Велевска за „Бекстејџ“.