Американската комисија за хартии од вредност (SEC) го обвини Елон Маск, извршниот директор на „Тесла“, за измама.
Тој е обвинет за серија лажни и збунувачки твитови за потенцијална трансформација на „Тесла“ во приватна компанија и повлекување на нејзините акции од берзата. По овие информации, акциите на „Тесла“ паднаа 5,7 отсто, информира „Макфакс“.