Ема покажа како со песна ја сака Македонија: Најпознатата снаа од Кенија среде Охрид ја отпеа „Лихнида кајче веслаше“ (ВИДЕО)
Посетата на Охрид, ја инспирираше најпозната Кенијка во Македонија, Емакулате Вендера да запее македонска песна со нејзината пријателка пејачката Теа Трајковска.
„Неколку денови заедно и ќе ги научиме да ги пееме сите народни македонски песни некогаш напишани“, напиша Теа.
Не е прв пат Ема да пее македонска песна. На нејзиниот инстаграм профил таа често споделува видеа како танцува и пее, забавни и народни песни и едноставно ужива додека го прави тоа.
Освен што ги забавува нејзините следбеници на социјалната мрежа, Ема покажува почит кон македонската нација, со тоа што слуша македонска музика и зборува на македонски.
Македонската фолк-пејачка Сузана Гавазова не се штедеше со убави зборови да ги пофали девојките: „Слатки девојки, што пеат најубаво“.
„Браво“, „Многу добро Ема“, „Најдобра си“, се дел од коментарите.
Ема пред неколку месеци објави заедничко видео со нејзиниот татко со кој играат на песната „Ќе ти дојдам“ од Спасен Силјановски и напиша: „Татко ми рече дека ако ќерка му е Македонка, тогаш и тој е Македонец во срцето“.
Емакулате Вандера по потекло од Кенија веќе неколку години живее во Македонија. Таа е сопруга и мајка. Во брак е со Михајло Блажевски, а плод на нивната љубов е ќерката Дариа.
Ема и Мики имаат интересна љубовна приказна која ги урива сите можни предрасуди. Се запознале преку Интернет, љубовта преку жици ја негувале скоро две години за кога Ема ќе дојде во посета на Македонија да ја крунисаат со брак. Се почнало со еден комплимент кога Ема работела како учителка во Тајланд. Ковид пандемијата им ги помести плановите за свадба, но како што ни откри Емче, таа ќе се случи наскоро, раскажа Ема во интервју за Женски магазин.
Фото: Инстаграм
РЖМ