Емотивна изведба на „Море сокол пие“ на Луна Бејков: Македонката која го воодушеви Балканот на „IDJ Show“

Добивај вести на Viber

Младата Македонка Луна Бејков која оваа година е дел од музичкото шоу „IDJ Show“ во Србија, веќе ги освојува симпатиите на Балканот.

Досега имаше неколку претставувања за што доби одлични коментари од жирито кое е во состав од македонскиот композитор Дарко Димитров, српската пејачка Наташа Беквалац и раперот Реља.

Но со нејзиното последно појавување во шоуто ги воодушеви сите со нејзиниот глас и емотивната изведба на песната „Море сокол пие вода на Вардарот“ и „Чаје Шукарије“.


Луна е од Скопје. Македонската јавност имаше можност да ја запознае како дел од тимот на најпопуларната тинејџ серија „Тин камп“ каде своевремено имаше своја улога.

Во краткото претставување за „IDJ Show“, Лука раскажа дека освен што е пејачка, таа се занимава и со актерство, но и моделство.


„Израснав во Скопје во центарот на градот со моите родители, мојот брат, можам да кажам дека имав убаво детство“.

Луна е темпераментна девојка која сака да живее според нејзини правила.

„Како дете сум била многу непослушна, сум имала многу проблеми со професорите. Постојано сум била кај психолог поради различни глупости. Постојано сум имала став, не дозволувам луѓето да ме понижуваат“.

Во описот за себе вели дека пријателите многу и значат.

„Понекогаш многу повеќе се борам за другите, отколку за себе, но тоа го правам за мал број на луѓе за кои многу ми значат и за кои знам дека и тие за мене тоа би го направиле. Како другарка сум супер, лојална, никогаш не издавам тајни, секогаш го кажувам она што навистина го мислам. Моја маана е што не можам многу да слушам, многу зборам кога некој нешто ќе каже, без разлика дали е тоа позитивна критика или некој коментар да нешто треба да сменам кај себе, јас поставувам гард и тоа го правам по свое“.

Фото: Инстаграм
РЖМ