Емотивни фотографии: Јелена Карлеуша со иста фризура како мајка си

Добивај вести на Viber

Пејачката Јелена Карлеуша се врати во шоу-програмата „Ѕвездите на Гранд“, откако неколку недели направи пауза по смртта на нејзината мајка Дивна.

Поп дивата по смртта на својата сакана мајка, ја скрати косата, но сега има сосема нова фризура – долги бујни плетенки.

Како што пишува српскиот „Ало“, Јелена на овој потег се одлучи поради својата мајка Дивна, која во еден период имаше иста таква фризура со плетенки.

Пејачката тоа го докажа со објавување фотографии од својата и идентичната фризура на нејзината мајка Дивна.

Нејзината мајка, познатата новинарка и радио-водителка, Дивна Карлеуша, почина на 3-ти март, по долгата борба со ракот.