Еротски приказни: ПОБЕДА НА ЉУБОВТА

Добивај вести на Viber

  Јас и Лина во деновите што следеа се грижевме за мајката шарпланинец и за нејзините кученца. Малите кученца ги галевме, чистевме и дохранувавме со шише и со цуцла. Тие веќе нѐ препознаваа, а мајката кога ќе нѐ видеше, ни мафташе со опашот и очите ѝ зрачеа.

  За време на престојот во бањата, уште повеќе се зближивме со Лина и со Људмил. Се договоривме да се сретнеме и по овдешниот престој. Посебна блискост создадовме со Нино, сопственикот на хотелот. Низ разговор со Далибор ги споменувавме и нашите професии за што Нино се заинтересира. За во иднина, ни понуди вработување – мене в кујна, а Далибор да пренесува туристи до тука и до најблискиот град. Му се допаѓаше нашата организираност и нашата точност. Се договоривме дека ако некогаш сакаме да промениме работни места, ќе му се обратиме.

  Времето во хотелот со бањата за рехабилитација помина брзо, како в сон. Дојде време за да се збогуваме. Се разделивме со персоналот што беше повеќе од услужлив и во текот на престојот се чувствувавме како да сме дома. Ми потекоа солзи за сите тие луѓе што ни помогнаа да се почувствуваме убаво. Нино беше отсутен, се збогувавме со Лина и со Људмил, а кога ги погалив кученцата за последен пат – целосно ме расплакаа.

  Тргнавме на пат. Далибор пушти тивка музика и се возевме. Се сетив дека кога доаѓавме наваму, имав слика од апартманот. Не знаев во каков природен рај одиме, каква благопријатна бања нѐ чека, какви познанства ќе имаме и какви пријателства ќе создадеме што ќе траат и во иднина.

  Овие денови љубовта со Далибор уште повеќе процвета. Како цвеќе што се полева и се остава на топлина да расте и да созрева на топлото сонце. Колку повеќе Далибор заздравуваше и колку повеќе коските му зацврстуваа, толку повеќе љубовта ни цветаше. Го сакав. Го сакав неговото тело, неговото лице, неговиот отсутен поглед, неговите прекрасни очи што криеја некоја тага во себе. Една ноќ го прашав Далибор зошто има тага во очите. Тој одговори дека тагува за тоа како не сме се запознале порано. Сигурно досега ќе сме имале прекрасни настани, убави одмори и смирени срца.

  Не знаев како да му објаснам освен дека тоа сѐ е судбински определено. Сказалките на часовникот треба да се поклопат за да го означат доаѓањето на нашето време. Изгледа веќе се поклопиле и сега сме тука заедно и важно е сега да продолжиме по патот со мирно срце – сплотени во една душа.

  Пред да влезам во градот ѝ се јавив на мајка ми. Таа ми кажа да одиме во мојата куќа бидејќи купиле нов мебел за во спалната. Кога ја отворив влезната врата од куќата и кога пуштив светло – следеше изненадување. Беше преполно со луѓе кои весело нѐ пречекаа и ни ракоплескаа. Маси преполни со храна, балони и украси по сите страни. Едно големо хелиумско срце беше врзано и имаше натпис: „Вечна љубов – Каролина и Далибор“. Таму беа моите со сестра ми Ангела, мајка му и сестра му на Далибор, пријатели и колеги од работа.

  На Далибор очите му светеа од среќа. Седнавме на маса. Најверојатно сестра му и мајка ми организирале сѐ. Моите го донеле клавирот на кој свирев како дете и ангажирале момче да свири на него. Каква ноќ. Таа не се опишува –таа се доживува. На крај донесоа торта. Далибор стана, потоа клекна и извади прстен пред мене и ме побара за жена.

  Многу емоции, многу радосни лица, многу убава енергија, многу љубов и сите среќни поради нашата среќа. Солзите сами почнаа да ми течат низ лицето и му одговорив: „Да, те сакам и ќе се омажам за тебе!“ Тој ми го стави прстенот на рака и неговите врели усни се споија со моите во долг и страстен бакнеж.

  Сите присутни станаа и со чаша вино ни наздравија и нѐ благословија. Кога се разотидоа, решивме да останеме вечерва и да спиеме во куќата. Се истуширавме и си легнавме на брачниот кревет.

  Јас си го гледав прстенот, а Далибор се шегуваше со мене и почна да ме допира. Брадавиците ми потекоа од неговите страсни бакнежи а тој продолжи да ме гушка и да ме бакнува. Бевме голи и забележав дека неговиот „орган“ беше дигнат. Се навлажнив од неговата тврдина, неговата топлина и од неговото тело кое гореше.

  Ги раширив нозете и тој веднаш ми го стави „органот“ помеѓу нозете, а јас, пак, му го гушнав со нозете. Чувствував дека се поти целото мое тело од неговата жештина. Почнав многу да стенкам и да врескам и по неколку минути мешајќи сè посилно и посилно удирав по неговиот „орган“ што не можеше да влезе во мене цел. Двајцата заедно доживеавме задоволство и прегрнати се испруживме на спалната. Далибор ме го бакнуваше лицето уште долго време. Се покривме со едно ќебе што беше до нас и така сме заспале.

  Ми застуде и се разбудив длабоко во ноќта. Запалив светло за кратко и го погледнав Далибор кој спиеше мирно и спокојно. Станав, облеков пижами, отидов во кујната и си направив кафе за да се стоплам и за да се освежам. Седев и си мислев колку сѐ се промени од последниот пат кога бев овде.

  Не сакав да се сеќавам на минатото затоа што тоа заврши – веќе не постои ништо – сѐ остана таму. Така требало да биде. Мора некогаш пеколот да се помине за да се влезе во рајот.

  Кафето го пиев полека, си го гледав прстенот и си размислував. Лесно се става прстен на рака, но треба да се оправда овој симбол на љубовта, верноста, довербата и спокојството. Од вечерва официјално влегувам во нов живот. Сѐ добив заслужено. Се надевам дека ќе го продолжам животот со мојот сакан Далибор и се надевам дека ќе бидеме среќни, а во иднина заедно ќе ги решаваме сите проблеми што ќе наидуваат и во исто време ќе уживаме во животот.

ОСАМЕНА

Еротски приказни: МИРОТ Е СВЕТА РАБОТА

Еротски приказни: ПРЕСТОЈ В БАЊА

Еротски приказни: НА БАЊА В ПЛАНИНА

Еротски приказни: ПРЕКРАСНО ПАТУВАЊЕ