Естрадата на полнолетство какво не се памети – Цеца, Вики, Матиќ пееја за 1.000 гости, а кога ја внесоа Анџелина Џоли, шок за сите
Ромските прослави се сметаат за најголеми, најлуксузни и најскапи прослави во целиот свет. Домаќините се натпреваруваат кој ќе направи најдобра забава, а не штедат ниту на еден детал - скапи автомобили, сали, храна, а особено не на музиката. Еден човек од Берлин организирал необична прослава на осумнаесеттиот роденден на своето дете, каде ја собрал половина српска естрада.
Оркестарот на Александар Софринијевиќ забавуваше повеќе од 1.000 луѓе, додека најголемите ѕвезди дојдоа како специјални гости, а беа ангажирани дури и познати водители, како Милан Калиниќ и Душица Јаковљевиќ, која ги изненадила гостите кога открила дека си дала отказ од на Телевизија Пинк.
Гостите уживале во настапите на познатите музички имиња. Прва специјална гостинка била Вики Миљковиќ која заедно со сопругот Ташкет и поранешната победничка на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, Нермин Ханџиќ ја подигнаа атмосферата на повисоко ниво.
Сите гости во луксузната сала дополнително ги воодушевило доаѓањето на Шериф Коњевиќ, кој го расплакал водителот со песната „Син“. Покрај Шериф, дополнително програмата била збогатена со песните на Саша Матиќ, Цеца Ражнатовиќ, Снежана Ѓуришиќ и Аца Пејовиќ.
Просторот бил специјално аранжиран, а присутните биле во неверување кога келнерите во салата донеле џиновска торта во облик на актерката Анџелина Џоли.
Тортата изгледала како славната актерка лично да влегла во салата, па дури и се обиделе да ја отсликаат нејзината тетоважа.
Судејќи според видеата
кои се појавија на социјалните мрежи, нема сомнеж дека естрадата создаде
сериозно добра атмосфера каква што Европа не памети.
Извор: mondo.rs