Актуелно // Insta вести
Ева Лонгориа фасцинираше во тоалета од дизајнерот со македонски корени Тони Матичевски: Жолто, енергично, фантастично
Светскиот дизајнер со македонско потекло Тони Матичевски повторно ја облече најпознатата латино џебна Венера, Ева Лонгорија.
Актерката која ја освои публиката во светот со улогата на Габи во серијата „Очајни домаќинки“ изгледа фасцинантно во жолта тоалета.
Фустанот ја следи линијата на нејзиното извајно тело, но има и детали во гордниот дел од тоалетата кои на целиот изглед му даваат сосема друга дименција, и самата боја е фантастична, која асоцира на сила и енергија.
Славната актерка 48-годишна актерка целиот изглед го заокружи со златни салонки и нежна шминка.
Ева повторно му се довери на Матичевски и уште еднаш фасцинираше со изгледот и посебноста на дизајнот на тоалетата.
Фото: Инстаграм - Тони Матичевски /Youtube - screenshoot