Дали сте слушнале за тоа како да испечете „јајце на облак“?
Одвојте ги белките од жолчките, а потоа белките изматете ги со помош на мискер се додека тие не се трансформираат во бела и цврста смеса. Земете една тепсија и обложете ја со хартија за печење, а потоа внимателно сипете ја смесата со белките.
Внимавајте при сипувањето да оформите гнездо од белките, а во средината ставете ги жолчките. Вака приготвените јајца посолете ги и ставете ги да се печат на 220 Целзиусови степени, на околу 5 минути.