Еве која е победничката на Евровизија 2023: Таа испиша историја, а еве што вели за својата сексуална ориентација
Таа за прв пат го освои првото место на Евровизија во 2012 година со песната „Euphoria“, која важи за еден од најголемите евровизиски хитови.
Лорен е родена во Стокхолм, Шведска во 1983 година. Таа се преселила во Вестерос на рана возраст. Таму пораснала и Вестерос го нарекува својот роден град. Најголемиот дел од тинејџерските години го поминала во Грита.
Шведската пејачка и текстописец стана светски позната кога освои трофеј на престижен музички натпревар, а оваа година на големото платно се врати со песната „Tatoo“ и интересен сценски настап.
Својата музичка кариера Лорин ја започна во 2004 година со учество на натпреварот „Идол“ каде го освои 8-то место, а до ден денес постојано влегува на листите „Топ 10“ и „Топ 20“ на најслушани синглови во Шведска.
Работеше и како водителка, а после тоа направи пауза, се повлече од јавната сцена и се врати во медиумите како продуцент на бројни реални шоуа, додека пред неколку години призна дека е бисексуалка.
Таа неодамна призна дека има момче, кое го крие од јавноста.
Лорин никогаш не престана да се занимава со музика, а на официјалната сметка на Евровизија стои дека Лорин „испиша историја како единствена пејачка која победила двапати“.
Фото: printscreen
Видео: Youtube