Евгенија Марковска во топ три комбиниции со беж чизми на висок ѓон: Одлични зимски стајлинзи

Добивај вести на Viber

Поранешната мисица Евгенија Марковска, сопругата на професорот Вело Марковски е дама која внимава на својот изглед и жена која ги следи модните трендови. Таа последните неколку дена ужива на Осоговските Планини, поточно на туристичкиот центар Пониква. А оттаму сподели неколку фотографии од пејсажи, но и од СПА центарот кој го посетила екс мисицата. 

Една објава особено го привлече нашето внимание, на неа Евгенија носи трендовски чизми на висок ѓон во беж боја. 

Овие обувки се модерни сезонава, па токму затоа одбравме три нејзини комбинации кои може да бидат ваша инспирација:


На првата објава таа носи бели хеланки, капут во беж боја и шарен зимски шал, а на нозете ги носи обувките кои се тренд број 1 зимава.


Додека на втората комбинација Евгенија е облечена целата во бело, односно носи бели хеланки и бел џемпер со ролка, но и овој пат ги носи трендовските обувки беж чизми со висок ѓон.


На трета комбинација ја гледаме поранешната мисица во бело мини лелеаво здолниште и бела плетена блуза, целиот аутфит е заокружен повторно со истите чизми, кој ги носат и најпознатите светски тренсетери - чизми со виоск ѓон.

Одлични три зимски стајлинси, кои вреди да ги ископирате.


Фото: Инстаграм - Евгенија Марковска

Евгенија и Вело Марковски имаат љубов која урива предрасуди, денес слават 5 години брак