Евтино се препукуваа, а сега најавија соработка
Тој ја прозиваше дека нема стил, дека изгледа страшно и не знае да се облекува, а таа преку отворено писмо му реплицираше дека со денови не се будел од алкохол и седативи.
„Драмата“ на популарниот стилист и водител Сергеј Варошлија и сопственичката на салон за убавина, Бети Цонева, има среќен крај. Во последната епизода од своето ТВ-шоу „Мода“ на 1ТВ, Варошлија наеднаш го смени мислењето за Цонева, ги објави нејзините последни фотографии споделени на „инстаграм“ и ѝ порача дека е убава жена со одличен стил која претходно била под влијание на „некои блиски другарки“ кои лошо влијаеле на нејзиниот изглед.
Дека и во Македонија јавните личности полека учат како функционира шоубизнисот е и најавата дека дочерашните лути ривали подготвуваат заеднички проект кој Сергеј вечерва ексклузивно го најави.