Од седативи не се будеше со денови: Бети „Сикрет“ му одговори на Сергеј Варошлија
Се прашувам упорно дали дното на кариерата изгледа вака? Вака сопственичката на салонот за убавина „Студио сикрет“, Бети Цонева, го почнува отвореното писмо до Сергеј Варошлија. Откако пред речиси два месеца стилистот во своето шоу на „1ТВ“ го коментираше физичкиот изглед на Цонева и фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи, таа вчера конечно му реплицираше.
- Врвен талент кој од седативи и алкохол не се будеше со денови и изневери 250 невести и клиенти во својата кариера, стаса на ТВ да коментира малолетнички со отворени профили и кутри деца кои нема кој да ги одбрани. Па, малку беше, се фати да ме коментира мене, која споредна работа во животот ми е ФБ и сликање од причина што сум презафатена со бизнисот кој успешно го водам деценија и кусур. Нека му служи на чест и нему и на оние кои му купуваат цигари.. Пепел со секој салон, пепел ќе биде и емисијава.. Со среќа, ќе ти треба - напиша Цонева на нејзиниот профил на „фејсбук“.