Фатени на дело: Ана Николиќ била во врска со Жика Јакшиќ, се појавија шокантни детали од нивната врска
Домашните медиуми продолжуваат да пишуваат за романсата помеѓу Ана Николиќ и Жика Јакшиќ.
Пејачката Ана Николиќ отсекогаш ја заинтригирала јавноста со приватниот живот, а особено со бурните емотивни врски во кои влегувала.
Таа неодамна призна дека би се вратила само кај Миша Банана, додека се уште се шпекулира за нејзината бурна врска со поранешниот сопруг Стефан Ѓуриќ Раста. Сепак, многумина се сеќаваат и на романсата на Ана со продуцентот на Гранд, Жика Јакшиќ.
Кога пред дваесетина години се појави на естрадата, Ана важеше за една од најубавите и најзгодните српски пејачки. Еден од нив, како што се пишуваше тогаш, беше Жика.
Според гласините, музичкиот продуцент освен со Николиќ бил во љубовна врска со Славица Ќуктераш и Дајана Пауновиќ со која беше во брак. Не се знае колку траела нивната љубов, но блиски пријатели на Ана и Жика тврдат дека тие биле заедно многу кратко.
Врската помеѓу Ана Николиќ и Жика Јакшиќ денеска е заборавена, но тогаш не успеа да остане тајна како што првично било планирано. Тие планови ги уништија папарацо фотографите кои ги фотографираа во автомобилот на Жика, при што во јавноста се дозна за нивната љубовна врска.
Фото: ИнстаграмИзвор: mondo.rs