Филип Талески со семејството на божиќен базар во Лисабон: Софиа и Марија уживаа во магијата

Добивај вести на Viber

Репрезентативецот Филип Талески со семејството ужива во убавините на Лисабон, Португалија.

Тој со двете ќерки Софиа и Марија, сопругата Ена го посетија божиќниот базар на плоштадот „Росио“ во Лисабон. Семејството уживаше во атракциите кои ги нуди овој традиционален базар, а посебно доживување беше за поголемата ќерка на Талески, Софиа.


Инаку левиот бек на ракометната репрезентација на Македонија Талески живее во Португалија, откако потпиша договор со ракометниот клуб Бенфика во јули годинава.

View this post on Instagram

A post shared by Ena Taleska (@e.taleska)


Пред една недела, семејството беше во Скопје каде направија роденденска забава за втората ќерка Марија, која наполни една годинка, и за Софиа која наполни 5 години.

Фото: Инстаграм