Филипче: Во Куманово заразени двајца доктори и една медицинска сестра
Министерот за здравство, Венко Филипче попладнево на прес-конференција изјави дека во Скопје има 7 и во Куманово 5 нови заразени со коронавирусот.
„Во кумановската болница вчера интензивно се работеше, се правеа интервјуа. Се правеа првични, секундарни контакти. Има пет позитивни лица, од кои тројца се здравствени работници, двајца доктори и една медицинска сестра“, рече Филипче.
Ниту еден од семејството на починатата нема клиничка симптоматологија.
Ќе бидат тестирани сите кои беа поврзани со случајот од кожна клиника, а во Куманово е направена комуникација со лица во врска со починатата пациентка.
Одделението за трансфузиологија во Охрид е затворено, затоа што персоналот бил во контакт со заразен. Во болницата во Кавадарци засега нема заразени.
На Инфективната клиника има 29 пациенти, од кои една пациентка е во тешка состојба на респираторна машина. И други шест се со тешка клиничка слика, но дишат самостојно.
Министерот рече дека се прекинува градскиот и меѓуградскиот превоз во Куманово.