ФИЛМСКО ЗАПРОСУВАЊЕ НА ПЕЛИСТЕР: Битолчанец клекна пред саканата со песна од „Танго до Балчак“

Битолчанецот Ратко избра песна од филмот „Танго до Балчак“, за да ја побара за жена својата девојка Викторија. Запросувањето се случи на романтична битолска локација, планината Пелистер.

Ова изненадување, тој го подготвувал подолго време, и за него знаеле само неколку најблиски пријатели. Освен што внимателно го бирал местото, размислувал и која песна најмногу би ја израдувала неговата сакана. 

Ратко клекна пред Викторија на нивното омилено место, Бегова чешма. Додека и го ставаше прстенот на рака, свиреше песната „Само да си вечно моја“ од Дуке Бојаџиев и од Крсте Роџевски, од филмот „Танго до Балчак“.

На свечениот момент беа сведоци и најблиските пријатели на идните младоженци. Откако Викторија кажа да, тие ја разубавија атмосферата, пуштајќи црвени балони како честитка за вљубените. 

Неда Маретиќ