Fitch Rating повторно го потврди кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка на “БББ-“
Меѓународната рејтинг агенција “Fitch Ratings” и оваа година го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на ПроКредит Банка АД Скопје на “БББ-“. Потврда за кредитниот рејтинг доби и команијата мајка ПроКредит Холдинг (БББ) и уште 5 банки од ПроКредит групацијата.
Потврдувањето на кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка АД Скопје на 'БББ-’ е резултат на позитивните бизнис резултати од работењето на банката, меѓу кои еден од позначајните е високо квалитетното кредитно портфолио сo стапка на нефункционални кредити за неколку пати понискаод стапката на банкарскиот сектор во земјата, стабилното депозитно портфолио, стабилната стапка на кредити во однос на депозити и високата ликвидност.
Од дополнително значење за потврдата на рејтингот на ПроКредит Банка АД Скопје се и стратешката важност на Банката и поддршката од акционерите, пред сѐ поддршката која ПроКредит Банка АД Скопје ја добива од единствениот акционер ПроКредит Холдинг, со седиште во Фракфурт Германија, а потоа и поддршката, која ПроКредит Холдинг ја добива од своите акционери: KfW (Германска Банка за поддршка и развој), IFC (Меѓународна финансиска корпорација, сестра компанија на Светска Банка) и фондацијата DOEN. Покрај веќе споменатите акционери, ПроКредит групацијата добива долгорочна поддршка и од клучните акционери Zeitinger Invest и ProCredit Staff Invest кои имаат и стратешка контрола врз работењето на групацијата.
Fitch Rating потенцира дека од големо значење за стабилноста на кредитниот рејтинг на ПроКредит Банките е балансирањето на ризиците кои произлегувата од работењето на пазарите во развој, стручноста концентрирана во секторот за мали и средни претпријатија и нискиот апетит за превземање на ризици што резултира со надпросечен кваллитет на активата.
Предноста на ПроКредит Банка е уникатната корпоративна култура, која е имплементирана во сите ПроКредит Банки, високите етички стандарди, високо квалитетна услуга за мали и средни претпријатија, кои придонесуваат за развој на локалните економии, како и добро поставеното електронско банкарство, кои го олеснија работењето во пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19.
ПроКредит Банка АД Скопје е првата и единствена банка во С.Македонија која на годишна основа е оценувана од меѓународната кредитна агенција Fitch Ratings уште од 2005 година. Кредитниот рејтинг на Банката не може да биде повисок од висината нарејтингот на земјата, кој вообичаено е за едно ниво повисок од доделениот кредитен рејтинг на земјата. Па така, ПроКредит Банка АД Скопје и оваа година е оцената со кредитен рејтинг кој е едно ниво повисок од кредитиниот рејтинг на С. Македонија-“ББ+“ со негативни изгледи. Вака утврдениот рејтинг е максималниот кредитен рејтинг кој една институција во Северна Македонија може да го добие.
ПР објава