FitKit, апликацијата која ќе Ви го направи вежбањето поинтересно

Добивај вести на Viber

Живееме во ново модерно време, каде последен збор го има сепак напредокот во технологијата. Денешните паметен телефони ни го олеснуваат начинот на живот делејќи не од посакуваната информација со само еден клик. Денес, дигиталниот свет брои преку илја

Живееме во ново модерно време, каде последен збор го има сепак напредокот во технологијата. Денешните паметен телефони ни го олеснуваат начинот на живот делејќи не од посакуваната информација со само еден клик. Денес, дигиталниот свет брои преку илјадници апликации за различни области како на пример: кулинарство, спорт, убавина, медицина, јазик, туристички водичи и сл.. преку кои можете да се информирате, но и да научите многу работи.

Денес, ќе го свртиме нашето внимание кон апликациите за спорт и рекреација.

Здравиот начин на живот како и вежбањето одамна заземаа голем замав во нашето секојдневие, иако всушност тие и никогаш не исчезнале, но во новото време, акцентот особено е ставен врз нив. Спортската опрема се смета за мода, а социјалните мрежи се преплавени со мотивациски постови на здрава исхрана и незаменливите секојдневни пијалоци- смути.

Честопати, посетувањето на едно исто место за вежбање, знае понекогаш и да не демотивира за момент, и кога би можеле да споиме повеќе спортови по една прифатлива цена, би било совршено зар не? Доколку помисливте дека такво нешто не е возможно, овде сме да ве запознаеме со FitKit, апликацијата која ќе го направи вашето вежбање позабавно во секоја смисла на зборот.


Навистина се воодушевувам на млади и современи дами со голема визија и храброст како нивна карта во ракав, кои од мала секојдневна инспирација создале нешто свое, притоа менувајќи го светот кон подобро место за живеење.

Па така, денес Ве запознавам драги мои читателки со Ангелина Блажеска, софистицирана и умна дама која стои зад апликацијата FitKit. По професија машински инженер, а во приватен живот вистински вљубеник во фитнесот, патувањата и модата.

Умерена и драга, таа со задоволство ни одговори на сите наши прашања.

Женски Магазин- Каков тип на апликација е FitKit?

Ангелина- FitKit e хибрид. Се шегувам… Навистина е хибрид бидејќи е направена на крос платформа која дозволува функционирање на апликација и на Андроид и на Иос оперативен систем. Затоа од самото лансирање беше истовремено достапна и на Google Play и на App Store. Инаку FitKit е мобилна апликација преку која може да вежбате низ цело Скопје, многу различни активности, на различни локации – фитнес центри и студија, со една членарина. На FitKit само си купувате кредити, си кликате закажи тренинг и одите со генерираниот код да вежбате. Многу simple.

Женски Магазин Од каде дојде главната инспирација за да создадете еден ваков тип на апликација?

Ангелина -Инспирацијата дојде од моето секојдневно борење со обврски и детерминација да стигнам секаде каде што имав уплатено да вежбам. Секој вторник и четврток ми беа резервирани за фитнес на шипка и за јога, па никогаш не стигнав во кафена или во кино (сите знаеме дека вторник е за кино, а четврток за кафеана:)) Сакав да одам паралелно и во теретана или на некој функционален тренинг, но се собрано чинеше многу пари и тргнав да барам алтернатива зашто знаев и дека не сум единствена во светот со овој проблем.


Женски Магазин -Врз основа на кој принцип работи вашата апликација?

Ангелина- Нашиот корисник врз основа на онлајн уплата каде корисникот си купува кредити со својата платежна картичка, кои подоцна се префрлаат на профилот, и истите ги користи за закажување на тренинзи.

Женски Магазин- Што ни овозможува FitKit?

Ангелина –FitKit овозможува денес да одиш на пливање, утре на пилатес, задутре на јога… Овозможува да користиш теретана и паралелно активно да тренираш фитнес на шипка. Овозможува да одиш на вежбање каде и кога сакаш/можеш, но притоа ти ги побива сите изговори. Ако вежбаш со FitKit нема веќе немам кога, нема каде, далеку ми е, досадно ми е…

Женски Магазин- Кои спортски активности се застапени на апликацијата FitKit?

Ангелина- Различни тренинзи има 90 – некои се повторуваат, но сите се поделени во категории: фитнес, функционални тренинзи, јога, аеробик, танцување, пливање, боречки вештини и кардио. Во подготовка е и нова категорија Спа!;)

Женски Магазин -Каде би можеле сите заинтересирани да вежбаат со FitKit?

Ангелина –Во моментов различни локации има 35-40. Постојано додаваме нови и се надеваме дека наскоро ќе се шириме надвор од Скопје.


Женски Магазин – Од замисла до финален продукт, патот никогаш не е едноставен ниту пак лесен. Колкав е временскиот процес на создавање на една ваква апликација, и што најмногу бара од Вас при самиот процес?

Ангелина – Временскиот процес зависи од тимот што работи на идејата, конкретно во случајот со FitKit траеше нешто повеќе од 6 месеци. Најмногу бара трпение, потоа комплетна посветеност и секако – пари.

Женски Магазин -Каков е досегашниот фидбек на клиентите кои веќе ја користеле апликацијата FitKit?

Ангелина -Со огромно задоволство ќе кажам дека е одличен. Нема да кријам – сме имале и ситуации кога корисници не го добиле тоа што го замислиле или очекувале, но тие се незначителен процент во споредба со оние кои се презадоволни од функционалноста. Има многу да се работи на апликацијата и посветуваме многу љубов и внимание на секој детал, за во иднина да обезбедиме беспрекорно корисничко искуство.

Женски Магазин- Покрај науката, љубител сте и на патувањата околу светот. Кое патување до сега Ве има најмногу инспирирано и зошто?

Ангелина -Мароко. Совршен хаос на бои, мириси, храна, култура, историја, забава, природа и луѓе. Ме инспирираше бидејќи видов среќни и работливи луѓе. Фасцинирана бев од тоа колку задоволство и убавина има во хаосот. Многу често само во мислите, но секогаш ќе се враќам во Мароко.

Женски Магазин -Што би им препорачале на нашите читателки?

Ангелина- Не смислувајте изговори. За ништо. Не бидете мрзливи – мрзата е болест и оставете им ја на мажите. Време е да го преземеме светот, затоа станете и направете го тоа што мислевте да го направите уште вчера.

                                                            

За Женски Магазин, Нина Беадер

Инстаграм: @beadernina