ФИТОФАРМ – ПРВАТА ФАРМАТЦЕВСКА КОМПАНИЈА КОЈА ШТО СЕ ПРИКЛУЧИИ ЈА ПОДДРЖА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ 3 МЕСЕЦИ СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ ЗА РОДИТЕЛИТЕ ШТО СЕ ВРАЌААТ ОД ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО

Добивај вести на Viber

Фармацвтската компанија Фитофарм од денес со дополнителни бенефиции за своите вработени по завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство. Сите вработени кои користеле отсуство поради бременост, раѓање и родителство, по завршување на редовните 9 месеци (или 15 месеци за две или повеќе деца одеднаш), следните 3 месеци ќе може да работат со скратено работно време.

“Со задоволство се приклучуваме на иницијативата за воведување на скратено работно време во траење од 3 месеци за вработените кои користеле отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство. Веруваме дека грижата и негувањето на односите со нашите вработени овозможуваат успешна тимска работа и резултати. Родителството како приоритет во животот на многу млади луѓе претставува среќен, но деликатен процес особено после враќањето на своите работни обврски. Ние ги поддржуваме и охрабруваме младите мајки да имаат што поорганизирано квалитетно време поминато со своите најмили.” - изјавија сопствениците на компанијата.

Оваа реформа е од голема важност за компанијата бидејќи од вкупно 68 вработени 75% се жени. Фитофарм е компанија која оваа годинa бележи јубилејни 30 години постоење и негување на меѓусебни односи со вработените.