Фондацијата Никола Јанчев донираше звучен апарат - ехо за Клиниката за гастроентерохепатологија

Добивај вести на Viber

Денеска сме особено горди што сме овде, во Универзитетската клиниката за гастроентерохепатологија при ЈЗУ Клинички центар ,,Мајка Тереза,, Скопје, и што во оваа глобална здравствена и економска криза успеавме да направиме уште еден хуман акт со доделување на овој ултра звучен апарат - ехо за потребите на клиниката, кој е во вредност од 2,300,000 денари.


Донацијата ја доделува Фондацијата Никола Јанчев од Кавадарци која  е основана на 14.02.2018 година. основач е г-дин Митко Јанчев, кој е актуелен градоначалник на Општина Кавадарци, додека Фондацијата го носи името на основачот на компанијата Кожувчанка, Никола Јанчев. Нашата фондацијата има една единствена цел, а тоа е да им се помага на луѓето преку хуманитарни активности. Компанијата Кожувчанка и Фондацијата Никола Јанчев се  долгогодишен партнер на хуманоста низ целата наша држава. Позади нас се голем број на хуманитарни активности во секоја сфера од нашето општество, независно дали станува збор за инфраструктура, здравство, спорт, клутура или слично. Како и секогаш, ние нема да застанеме овде, ќе продолжиме да ги препознаваме вистинските потреби на луѓето и преку вакви хуманитарни активности истите да ги поддржуваме.